За Младиќ и Караџиќ 20 илјади марки од Владата на Република Српска

од desk2
67 прегледи

Владата на република Српска ќе им додели 20.000 марки како еднократно материјално обезбедување на обвинетите кои се наоѓаат во притворската единица на Хашкиот трибунал, пишува BIRN.


Еднократната парична помош се однесува на оваа година, а ќе биде распределена на Радован Караџиќ, воениот претседател на РС кој во првостепената пресуда е осуден на 40 години затвор поради геноцид во Сребреница, тероризирање на граѓаните на Сараево, истребување, присилно преместување и напад на цивили, како и земање заложници и на генералот Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на РС, на кој му се суди за геноцид и воени злосторства во БиХ. Првостепената пресуда на Младиќ во Хашкиот трибунал треба да биде изречена во ноември годинава.

Оваа одлука на Владата на РС не е нокоја новина и само потврдува дека политичкото раководство поддржува творци на геноцид и зло во БиХ, смета Хајра Ќатиќ, претседателка на здружението Жените на Сребренивца.

Критериумите за тоа како ќе ги користат парите Младиќ и Караџиќ ќе се утврдат со посебен правилник во согласност со министерот за правда, а ќе го донесе Републичкиот центар за истражување на војната, воените злосторства и барање исчезнати лица, соопшти Бирото за односи со јавност на Владата на РС.

Според истражувањето на Балканската регионална истражувачка мрежа (BIRN), до декември 2013 година Владата на РС како помош на обвинетите за воени злосторства издвоила повеќе од милион марки. Парите се уплатени и на семејствата на обвинетите преку фондот Помош, а не е објавено јавно колку пари се собрани како се потрошени.