За неа имало активна мерка „апси“: Србинка приведена на скопскиот аеродром

од Nikola Popovski

Српска државјанка синоќа била приведена на скопскиот аеродром, информираат од МВР.

Денеска (29.04.2024) во 02.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Ч.(25) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“ по барање на Интерпол.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Слични содржини