За пасош најмногу се плаќа во Австралија

од desk2
150 прегледи

Властите во Австралија ја покачија цената за издавање на пасош, и сега граѓаните на оваа држава плаќаат најскапи пасоши во светот, ако не ја земаме во предвид Сирија, која постави цена од 500 долари за вадење на еден пасош.

Граѓаните ја повикаа владата на Австралија, на чело со премиерот Малколм Турнбул да престане да ја покачува цената на патните исправи со цел да го полни буџетот.

Со новите измени, пасошот на Австралија чини 282 долари. Претходната цена беше 277 долари, и на прв поглед и не се чини дека пасошите се многу поскапени, но кога ќе се земе во предвид дека ова е правило за секој жител, државниот буџет ќе се наполни со многу пари од граѓаните.

На второ место на држави со најскапи пасоши е Турција, чии граѓани за издавање на патни исправи мораат да платат 764 лири, односно 255 долари. Како за пример, Швајцарците за нивните пасоши плаќаат 180 долари, додека Германците само 120 долари.

Кога се зборува за највредните пасоши во светот, на прво место е Германија, а зад нив се наоѓаат пасошите на Сингапур и Велика Британија. Јапонија и Франција се наоѓаат помеѓу петте земји со највредни пасоши.