За подметнување пожари приведени досега 39 лица

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од 01.04.2025 до 18.08.2025 година, во врска со пожари на отворен простор приведени се вкупно 39 лица, а по преземени мерки поднесени се 25 кривични пријави.

Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност, велат оттаму.

Додадоа дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 30.07.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 22 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми.

Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребувале дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.

Слични содржини