Се повеќе државјани од Непал кои работат во земјава се пријавени како исчезнати. Последниот случај е пред два дена кога во полициската станица Аеродром, А.С.(26) од Скопје пријавил од местото каде престојувал се оддалечил П.Г.(28) од Непал, со престој во Скопје, кој бил вработен во приватна фирма.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Претходно исчезнаа уште тројца државјани на Непал кои работеле во Скопје. Р.И во својство на управител на правно лице од Скопје, пријавила дека три машки лица од Непал на возраст од 26, 36 и 43-годишна возраст се оддалечиле од местото каде престојувале, а биле вработени кај правното лице.
Минатата недела седум лица од Непал исчезнаа, кои исто така работеле во две скопски фирми. Петмина работеле во приватна фирма во општина Аеродром, додека останатите двајца, според пријавата за помалку од два часа, се оддалечиле од хотелот каде престојувале.