За продолжен викенд во Грција: Колони од возила на ГП Богородица

од Nikola Popovski
268 прегледи

Поради продолжениот викенд во пресрет на празникот Св. Кирил и Методиј, повторно се создал метеж на граничните премини за излез од Македонија. Од дежурната гранична служба, соопштиле дека за првпат од почетокот на пандемијата, е зголемена сообраќајната раздвиженост на граничниот премин Богородица.

„Од отворањето на граничниот премин Евзони, на грчка страна, изминативе седум дена преку Богородица на дневно ниво транзитирале во просек по 1300 до 1400 патници на излез и влез во земјава, а само вчера тој број е зголемен за две илјади патници повеќе, што значи дека во двата правци низ ГП Богородица транзитирале 3500 патници од кои 2020 македонски и 1480 странски, меѓу кои најбројни биле државјаните на Србија“, соопштија од службата.

За влез во Грција ви е потребен вакцинален картон со поминати најмалку 14 дена од примена втора доза од вакцината, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, пополнет ПЛФ образец 24 часа пред тргнување на пат. Од пред четири дена грчките гранични служби почнаа да ги признаваат антигените тестови и потврдите за прележана болест.

Слични содржини