Германската канцеларка Ангела Меркел денеска престојува во официјална посета на Република Македонија.
Меркел е првиот германски канцелар, кој е во посета на Македонија по прогласувањето на независноста на земјата на денешен ден во 1991 година
Германскиот канцелар е уште еден висок светски лидер, кој деновиве е во Скопје. Пред три дена во македонската престолнина беше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а вчера во Скпоје имале средби и австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт соопшти дека за време на разговорите во Скопје главните теми на канцеларката со македонскиот премиер Зоран Заев ќе бидат економските односи.
Посетата на Меркел сепак се смета за директна поддршка за претстојниот 30 септември референдум за промена на името на Република Македонија.
Германија со години отворено го поддржува компромисот во спорот за името меѓу Македонија и Грција. Во изминатите недели, Берлин категорично ја отфрли секоја промена во границите на Балканот.
Локално.мк потсетува дека на 17 јуни во реонот на грчкиот дел на Преспа беше потпишан договорот, која му стави крај на спорот за името меѓу Грција и Македонија.
На церемонијата на Преспанското Езеро лоцирано на границата помеѓу Македонија, Грција и Албанија, на грчка земја во историјата сеи замина 27-годишниот спор меѓу Атина и Скопје за името на Македонија. Тоа е место за вистински почеток и нов исчекор за евроатланските интеграции на Македонија.
Договорот беше потпишан од министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите на двете земји – Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Според Преспанскиот договор новото име на земјата ќе биде Република Северна Македонија, а на државата и останува да го задржи македонскиот идентите и јазик.
Овој договор овозможува Република Македонија да отвори преговори за членство во Европската унија и да стане полноправна членка на НАТО .
За ваквиот историски и храбар чекотр владата на Зоран Заев ја доби светската поддршка од сите лидери.
Во тек е и референдумско изјаснување и на граѓаните на Македонија дали се за Европска Македонија и членство во НАТО, преку менување на името согласно Преспанскиот договор.
Анкетите покажуваат дека најголемиот број на граѓаните се ЗА и ќе ја поддржат ова историска одкука за Македонија.