Рускиот претседател Владимир Путин и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска телефонски разговараа за решавање на косовскиот проблем, објави Кремљ.
Во соопштението се додава дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го информирал рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговор за разговорите во Вашингтон и Брисел, одржани на 4 и 7 септември.
„Посебно внимание се посветува на проблемот на Косово. Вучиќ го информираше (Путин) за преговорите во Вашингтон и Брисел на 4 и 7 септември. Путин ја потврди непроменетата позиција на Русија за развој на избалансирано и компромисно решение, прифатливо за Белград, и кое треба да биде основана од Советот за безбедност на ОН“, се вели во соопштението.
Како што се наведува, телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели е инициран од српска страна, а се додава и дека посебно внимание било посветено на решавање на косовското прашање, пренесе ТАСС.
„Путин ја потврди непроменливоста на принципиелниот став на Русија во врска со изнаоѓањето компромисно и избалансирано решение прифатливо за Белград, кое мора да биде одобрено од Советот за безбедност на ОН“, се вели во соопштението.
Беше потенцирана подготвеноста за понатамошна блиска соработка со него за целиот спектар на прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда.