За прв пат прославен Денот на македонско наследство на стадионот на „Детроит Тајгерс“

од Nikola Popovski
24 прегледи

Стотици Македонци во Детроит за прв пат го прославија Денот на Македонското Наследство на 30-ти јули организиран од Детроит Тајгерс, бејсбол тимот чиј сопственици се фамилијата Илич со потекло од битолскиот крај Драгош и Буф во Егејска Македонија. Настанот беше во партнерство со Обединетата Македонска Дијаспора, и благодарение на неколку видни македонско-американски компани и сопственици како спонзори.

-Детроит Тајгерс обезбеди за гостите капи со логото на Детроит Тајгерс во црвено жолта боја и со знамето на Република Македонија. За време на бејзбол играта на масивниот екран во стадионот Комерика Парк против Кливленд Гардијанс се појавуваа директно прикажување од публиката со македонските капи и знамиња навивачи за Детроит Тајгерс, информираат од ОМД.

Овој настан ја слави значителноста на македонско-американската заедница и културната разновидност на Детроит.

-Го прославува македонското наследство кое Мајк Илич со гордост и посветеност го ширеше и никогаш не го заборави, како и на сите македонци кои продолжуваат да го слават низ Детроит и цела Америка. Среќни сме што оваа прослава ќе стане годишна традиција и ќе има можност да биде проследено од следните генерации.

Настанот оддаде специјално признание за Маријан Илич, истакнат претприемач, и покојниот Мајк Илич, кој овој месец ќе го прославеше својот 95-ти роденден. Дополнително, ќе се оддаде почит и на Вториот Илинден, со кој се одбележуваат 80 години од формирањето на АСНОМ и 33 години од независноста на Македонија.

ОМД изразува срдечна благодарност до нашите партнери и спонзори за нивната непроценлива поддршка во овозможување на овој настан: K2 Retail Construction & Development, d2 events, ATKO Market and Bakery, Johnny Blacks Public House, Max’s International Market and Bakery, Thero Realty, и Alokin Creative. Нивната посветеност е клучна во славењето и споделувањето на богатото наследство на македонската заедница во Детроит и пошироко, стои во соопштението од ОМД.

Слични содржини