804
Владата, на денешната седница утврди и текст на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање.
Измените, како што е образложено од предлагачот, Министерството за транспорт и врски, се направени во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и со нив, за прв пат во 30 години, се уредува пренамената на земјоделско земјиште.
Односно, се забранува пренамена на земјоделско земјиште од 1 и 2 катастарска класа – за изградба градежни објекти, а попрецизно се уредува пренамената на земјоделско земјиште од 3 и 4 катастарска класа за ваква цел.