Во Романија ќе биде направен референдум за забрана на еднополовите бракови, јави “Ројтерс”, повикувајќи се на информации на владејачката Социјалдемократска партија. Ќе биде направен оваа есен откако активисти – приврзаници на традиционалното семејство – ги собраа потписите на три милиони граѓани кои бараат одредување на уставна дефиниција на бракот.
Според романското законодавство уставот на земјата може да биде променет по предлог на претседателот, владата или барем 500 000 граѓани. Парламентот треба да одобри свикување на референдум. Активистите ги собраа потребните потписи, бидејќи инсистираат јасно да се одреди дефиницијата за бракот кој според нив треба да е заедница меѓу маж и жена, а не меѓу луѓе од еден и ист пол. Иако и во моментов во Романија не се дозволени еднополовите бракови, активистите инсистираат да има јасни ограничувања во уставот, кои ќе ги утврдат законските рамки на бракот. Нивните противници најавија дека со овој потег се цели не само законско ембарго против луѓето со различна сексуална ориентација, туку и за други нетрадиционални форми на семејството.