За првпат после два месеци: Ниту еден смртен случај од Ковид-19 во Србија

од Nikola Popovski
128 прегледи

Во последните 24 часа ниту едно лице во Србија официјално не починало од последиците од коронавирусот, така што вкупниот број на жртви е сè уште 707, соопштило Министерството за здравство, што е за првпат после два месеци.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 8.836 лица за коронавирус, а регистрирани се 125 нови случаи.

На респиратори се приклучени 36 лица, а од почетокот на епидемијата се потврдени вкупно 31.099 случаи на инфекција.

Вкупно 696 лица се хоспитализирани, а стапката на морталитет е 2,27 проценти.

До 15 часот на 27 август, вкупно 904.343 лица биле тестирани во Србија.