За седум дена исчезнаа десет непалски работници од Скопје

од Nikola Popovski
125 прегледи

Исчезнале уште тројца државјани на Непал кои работеле во Скопје, информираат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден, во полициската станица Карпош, Р.И.(64) од Скопје, во својство на управител на правно лице од Скопје, пријавила дека три машки лица од Непал на возраст од 26, 36 и 43-годишна возраст се оддалечиле од местото каде престојувале, а биле вработени кај правното лице.

Минатата недела седум лица од Непал исчезнаа, кои исто така работеле во две скопски фирми. Петмина работеле во приватна фирма во општина Аеродром, додека останатите двајца, според пријавата за помалку од два часа, се оддалечиле од хотелот каде престојувале.

-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од полицијата.

Слични содржини