На крајот на минатата година француското списание “Пари меч” објави на насловната страница слика на убав човек на крајот на триесеттите и атрактивна шеесет и едногодишна русокоса, фатени за раце. Двајцата беа на корицата во две изданија – едно летно, беа фотографирани на плажа, и во едно од пролетните изданија, за време на државна вечера.

Додека Франција оди со бесна брзина кон претседателски избори во април (и најверојатно кон втор круг во мај), оваа необична двојка може да ја спаси од паѓање во канџите на ксенофобичниот популизам. Тој е нов кандидат за претседател Емануел Макрон, а таа е неговата поранешна учителка од срденото образование по француски Брижит Троно, сега негов најголем доверлив советник и жена.
Макрон, 39-годишниот поранешен министер за економија, во моментов е на второ место во анкетите. Тој оваа недела го надмина конзервативецот Франсоа Фијон, благодарение на “Пенелопeгејт” – истрага противи сопругата на Фијон родена во Велс, која наводнои била назначена на добро платена владина служба, без всушност да работи.
Макрон се уште заостанува од фаворитите (за победа во првиот круг) Марин Ле Пен, која сака од Франција да ја намали имиграцијата и да ја напушти Европската унија. Макрон е тврд проевропеец и брзо ја осуди одлуката на Доналд Трамп да ја запре програмата за прием на бегалци во САД.Сондажите сепак покажа дека сепак тој со леснотија ќе ја победи Ле Пен при евентуален втор круг.
Во негова корист оди фактот дека светот е во изборна сезона, во кој гласачите сакаат да прекинат со естаблишментот. Од една страна, Макрон е “енарк” – дипломирал на (Националната високото школа за администрација), најелитната високообразовна институција за идни претседатели и министри – и работел како инвестиционен банкар пред брзото издигнување во хиерархијата на Француската социјалистичка партија.
Минатата година, тој се одвои од владејачката партија, за да се создаде своја сопствена центристичка партија, која тврди дека е ниту лева, ниту десна. Младоста му е дополнителен бонус кон тоа што е нов во политиката.

Но, необичната лична историја му помага да не личи на средновечен амбициозен “енарк”. Макрон и неговата сопруга се сретнале, кога тој бил 15-годишен ученик во десетиот клас во Језуитската гимназија во Амиен, а г-ѓа Троно е 40-годишна мажена мајка на три деца, од кои едно е во класата на Макрон. Во тоа време г-ѓа Озиер, тогаш го носела презимето на претходниот сопруг, предава француска литература и води театарски клуб.
Сите го опишуваат тогашниот Макрон како доста развиен за неговата возраст и талентиран пијанист,ѕвезда и учесник во училишна претстава на која Троно е режисер. (Кога беше министер, тој го рецитира Молиер напамет на француска телевизија).
“Сигурно не беше како другите. Секогаш беше со учителите”, рече Троно во францускиот документарец за Макрон. “Тој не беше пубертетлија”, додаде таа.

Односите преминуваа во романтичен карактер, кога во 11-клас Макрон ја убедува да напишат заедно парче. “Пишувањето и собирањеше секој ден и создаде неверојатна блискост меѓу нас”, изјави таа за “Пари меч”.
По барање или несогласувањето на родители, или на средината во која работ и живее г-ѓа Троњо, Макрон го напушта училиштето и завршува средното образование во престижната гимназија “Анри Четврти” во Париз. Пред да го напушти својот дом, тој и рекол на учителката си:
“Нема да се ослободиш од мене. Ќе се вратам и ќе се оженам за тебе.”
Со долгите телефонски повици од Париз “малку по малку тој го намали отпорот “, рече таа. На крајот Троно се разведува со сопругот и се сели и предава во Париз. “Реков: Целиот мој живот ќе одат залудно, ако не го направам”.
На нивната свадба во 2007 година Макрон им заблагодари на децата на г-ѓа Троноо дека го прифатиле и додаде дека двајцата не се “нормална двојка – иако не го сакам многу овој епитет – но сме пар кој постои”.
Постоењето предизвика и непријателски реакции. Радио хуморист неодамна го нарече долгоракиот Троно “Барби во менопауза”. Критичарите го нарекуваат Макрон “милениче” – нешто како миленик на учителка – кој си го пробива пат кон претседателството, како важе дел во личниот живот, за да освои гласови.

Но францускиот печат често се восхитува на нивната врска. Списанијата ја нарекуваат модна икона и објавуваат слики на младоликиотя г-дин Макрон како подава шише со биберон на едно од седумте доведени внучиња.
Помага и тоа што иако романсата им да започнува кога Макрон е срамотно млад, еднаш штом ученици одат на универзитет, се кршитее меѓу студентите и професорите се нешто очекувано.
Неочекуваното во случајот на Макрон е дека тие продолжуваат да се заедно децении подоцна.
Вистинската љубов ги оправдува многуте нарушувања на нормите. Најголемиот литературен настан минатата есен беше “Писма до Ен” – книга со 1276 страници романтични писма кои поранешниот претседател Франсоа Митеран и ги праќа на долгогодишната љубовница Ана Пенжо. се запознаваат, кога таа е на 19, а тој на 45. ( “Чувствувам дека не сум запрел да правам љубов со тебе од 15 август 1963 година!”, Вели Митеран во писмо напишано седум години подоцна).
Французите се гордеат со тоа дека не се фанатични моралисти. Личниот живот на политичарите не треба да се развива по сценарио и никој не очекува од нив дури и да ги дискутираат. Марин Ле Пен има двајца поранешни сопрузи и нејзиниот сегашен со години сака да признае дека е со сопартиец.
Но не збуни недостаток на афинитет кон моралот со незаинтересираност.
Еден од знаците дека со политичката кариера на Оланд е свршено, е дека никој веќе не се интересира со кого спие.
Наместо него социјалистите го подигнаа неговиот поранешен министер за образование за претседател. Во моментов тој е на далечната четвртата позиција во експлоатацијата.
Едно од барањата е љубовниот живот на политика да е искрен, особено ако е дел од јавниот имиџ.
Макрон негираше во ноември на телевизија незапирливите гласини дека тајно е геј и живее “двоен живот”.
Прашањето не е во неговата сексуалност, а во тоа каква е вистината. Скриено смисла тука е дека ако љубовната историја не е вистинска, тогаш и неговите планови за управување на земјата се несодржајни. Во името на иднината на Франција, оваа љубов би требало да е вистинска.