За шест часа санкции за 120 возачи во скопската населба Драчево

од Nikola Popovski
119 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (05.03.2023) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Драчево во Скопје.

При контролата санкционирани се 120 возачи, од кои 80 за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за возење без возачка дозвола, две мерки за возење под дејство на алкохол…

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, порачаа од МВР.

Слични содржини