За што е корисно скандинавското одење?

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Ако сакате да се шетате во паркот, во планината и сакате да го придружите прекрасниот поглед со спортска активност, нордиското одење е вашиот тренингот. Оваа спортска активност датира од 1930 година, а неговата татковина е Финска.
За неа ви се потребни специјални стапчиња, спортска облека и удобни патики. Освен што ги прави посилни коските и мускулите и е погодна за намалување на телесната тежина, видете уште неколку предности на нордиското одење.

Повеќе кислород
Долгите прошетки на отворено не само што го намалуваат стресот, но и испорачуваат повеќе кислород на мозокот. За разлика од обичното одење, скандинавското им овозможува на практикувачите да дишат подобро.

Искористувањето на подобрениот држач и страничните движења за време на нордиските прошетки, носи до 60% повеќе кислород за разлика од оние кои само се шетаат.

Се подобрува балансот и координацијата
Движењата кои се вршат за време на нордиското одење, би можеле да го подобрат балансот и координацијата. Правилното движење на рацете, стапчињата спрема нозете бара точна координација.

Кога вашиот горен и долен дел на телото и спротивните мускулни групи треба да работат заедно на овој начин, целото тело постигнува подобра рамнотежа.

Колку повеќе ја вежбате оваа спортска активност, толку подобро ги исполнувате овие движења при поинтензивно темпо. Одењето со стапчиња обезбедува подобра рамнотежа и стабилност отколку одењето без нив.

За возрасни луѓе и луѓето кои имаат проблеми со рамнотежата , нордиското пешачење значително го подобрува балансот и го намалува ризикот од паѓање или слични инциденти.

Ангажира повеќе мускулни групи
Докажано е дека нордиското одење ги обврзува до 90 отсто од мускулите во телото. Ако сакате да тренирате стомакот, бутовите, задникот и трицепсот, оваа спортска активност е за вас. Исто така редовното нејзино практикување може да помогне за намалување на мускулната болка и да се подобри мускулната издржливост.

Ја намалува напнатоста во зглобовите
Столбовите, кои се користат во нордиското одење преземаат голем дел од тежината на секој чекор, со што се намалува и притисокот врз колената и другите зглобови.

Затоа нордиското одење е соодветна активност и за возрасните луѓе, луѓе со проблеми со колената, оние кои се опоравуваат од срцеви компликации. Се разбира вежбањето е со многу благо темпо и договорено со надгледување на лекар.