Еден од најчесто консумирани зеленчуци е кромидот. Тој ги прави побогати јадењата, повкусни и ароматични. Исто така е богат со многу витамини, минерали и има голем број на лековити дејства. Запознајте се со некои од нив.
При високи температури
Кромидот е идеално средство за намалување на високата температура, особено кај децата. Ако вашето дете е болно и има потреба да ја симнете температурата, иситнете една глава кромид, напрскајте ја со оцет и ставете во газа. Ставете ја газата врз челото. Исто така може и да се стави од него во чорапчиња кои ќе ги обуете.
При исчашување
Исчашувањата не само што се болни, но често се придружени и со отоци. За да ја ублажите малаксаноста, исечете една глава кромид на тркалца, ставете ја врз памук и потоа врз заболеното место. Заврзете, но не многу стегнато со завој. Оставете да делува неколку часа. Потоа ќе видите како отокот исчезнал. По потреба повторете ја оваа грижа.
Го стопира крварењето
Може да звучи чудно, но кромидот може да го намали крварењето кај мали гребнатинки. Ставете врз погодените места неколку кругови кромид и оставете да делува неколку минути. Освен што ќе се запре крварењето, кромидот ќе го намали и ризикот од појава на инфекции.
Одличен при изгореници
Ако страдате од изгореници или други површински рани, сè што треба да направите е да ставите врз раната неколку парчиња кромид за неколку минути. Тоа ќе излечи од топлината и болката.
Третман на кашлица
Сокот од кромид е еден од најдобрите за ублажување на кашлица. Направете сок од зеленчукот и засладете го со мед. Земајте од овој еликсир 3-4 пати дневно.
При болки во ушите
Болките во уво се непријатни и тврдоглави. Ако немате специјални капки, ставете во уво за неколку минути парче кромид. Бидете внимателни! Не смеете да го залепите длабоко во ушниот канал.
Каснување од инсекти
Ако ве касне пајак, комарец или ве искаса пчела / оса, ставете на заболеното место мало парче кромид. Ова ќе го намали отокот, болката и чешањето.