Урината има специфичен мирис, кој сепак понекогаш може да се промени. Не се плашете дека нешто не е во ред. Пред да побрзате да паничите, погледнете што може да предизвика промена во мирисот на урината.
Дехидрирани сте
Кога телото е обезводнено мирисот на урината станува силно непријатен. Покрај тоа бојата ѝстанува потемна, слична на темно пиво.
Сте јаделе нешто што предизвикува мирис
Храна како лосос, зелка, брокула, некои зачини, лук, кари, алкохол, можат да предизвикаат лош мирис на урината.
Имате инфекција на уринарниот тракт
При инфекција на уринарниот тракт може да се појави многу непријатна миризба на амонијак во урината, а може да се појави и малку слатка реа во зависност од бактеријата која ја предизвикала инфекцијата.
Дијабетес
Високите нивоа на шеќер во крвта можат да предизвикаат промени во мирисот на урината. Еден од првите знаци дека страдате од дијабетес е честото мокрење, придружено со сладок мирис на урината предизвикана од високите нивоа на шеќери во неа.
Миење на гениталиите
Прекумерното миење на гениталиите ја измива и разредува вагиналната флора. Тоа предизвикува ранливост од габични и други инфекции. Тие од своја страна можат да предизвикаат уринарни инфекции, кои го менуваат мирисот на урината.
Габична инфекција
Габичните инфекции често преминуваат од гинеколошки кон уринарен проблем, ако не се третираат навреме. Затоа појавата на лош мирис во урината може да е сигнал токму за такво страдање.
Во овулација сте
Во периодот на овулација настапуваат хормонални промени кои влијаат на биохемиските процеси во целото тело. Покрај необичен мирис во урината може да се појави и бел исцедок, сличен на белка.
Бремена сте
Ако сте бремени, а не знаете, промената во мирисот на урината може да ви помогне. По зачнување во урината се одделуваат хормони кои укажуваат на присуство на плод во матката. Бидејќи урината е веќе заситена со друг коктел од биолошки хемикалии, мирисот ‘се менува.
Пиете лекови
Некои лекови можат да предизвикаат не само чуден мирис на урината, но и промена на бојата.