Во деновите пред менструацијата, многу жени поминуваат низ промени во расположението, напади на глад, слаба концентрација и слично. Овие работи се толку изразени кај некои дами, што дури ги спречуваат да функционираат нормално.
Сепак, покрај лекови, кои ќе ви донесат моментално олеснување, не би било лошо да пробате да ја консумирате овие намирници. Одредена храна ги ублажува симптомите на ПМС, а истовремено е многу здрава за вашето тело.
Според американските научници, консумирањето лесна храна богата со витамини, минерали и растителни влакна може да го зајакне производството на естроген. Така се постигнува хормонална рамнотежа и симптомите се ублажуваат, пренесе „Дневно.рс“.
Нутриционистот Наташа Ѓукиќ издвои неколку главни намирници кои ќе ви помогнат при овој проблем:
Ореви, бадеми и лешници – содржат многу витамини од групата Б и незаситени масни киселини, па затоа се одлични за релаксација. Во 80 гр ореви има 200 калории, но поради забрзаниот метаболизам во организмот не треба да постои опасност од дебелина.
Банани – високото ниво на калиум во бананите ја отстранува водата од телото, што е важно пред менструалниот циклус, така што жените се чувствуваат порелаксирано. Нивото на шеќер во крвта се стабилизира, а производството на серотонин – хормон на среќа – се зголемува.
Брокула – богата е со калциум кој му дава сила на организмот. Со помош на витамин Б6, брокулата ја забрзува изградбата на црвени крвни зрнца и со тоа ја одржува виталноста на организмот и ги ублажува болките и грчевите што се јавуваат за време на менструацијата.
Вода – со цел да се избегне акумулација на вода во телото и оток на нозете, треба да избегнувате преварена храна, бидејќи врзува вода. Затоа треба да пиете многу вода, до 2 литри на ден, бидејќи водата што се врзала за солта најдобро се исфрла доколку се пие.