Состојки:
– 500 гр нудли
– сол
– 5 сирови колбаси
– 5 лажици сусам
– 3 лажици издробена лута пиперка
– 3 моркови
– 2 конзерви пасирани домати
– 150 гр рендан кашкавал или моцарела
Подготовка:
Нудлите сварете ги според упатството на пакувањето. Тие треба да се варат во солена вода. Додека се варат нудлите, загрејте ја рерната на 200 степени.
Излупете ги колбасите, а потоа исечкајте го месото што е можно поситно на кругчиња.
На плех или чинија на страна измешајте ги сусамот и пиперката. Во смесата што сте ја направиле, валкајте ги кругчињата од колбаси. Измијте го, излупете го и изрендајте го морковот.
Кога ќе се сварат нудлите, исцедете ги и исплакнете ги, па измешајте ги во плех со пасираните домати и моркови и одозгора наредете ги кругчињата. На крајот, посипете го јадењето со кашкавал и ставете го во рерна. Јадењето се пече на умерен оган околу 20 минути.
Исто така, ако имате свеж босилек, ставете неколку листови одозгора при сервирање.