Храбри планинари: Печеле колбаси на вулканска лава (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Храбри планинари од Русија станаа хит на социјалните мрежи откако јадеа колбаси печени на лава од вулкан.

Тие се искачиле на вулканот Кљушевскаја Сопка, кој се наоѓа во Камчатка.

Локалното население, патем, го смета овој вулкан за свето место, а ерупциите се случуваат скоро секоја година.

Додека планинарите се искачувале, лавата станувала студена, но на некои места сè уште било жешко.

Тие дури стигнале до самиот раб на кратерот за да видат што има во отворот на вулканот.

Кога огладнале, следувал најинтересниот дел – планинарите извадиле колбаси и ги печеле на лавата и сето тоа го објавиле на Интернет.

Слични содржини