315
На Нов Зеланд вчера, како и многу претходни години, се празнуваше Богојавление – Водици.
По еден сончев и убав ден, Србите и Македонците се собраа на плажата во Поинт Шевалие, во близина на Српската црква, за да го прослават празникот, пишуваат српските медиуми.
Од 50-ина собрани, 15 од нив во 18:30 часот по локално време се фрлиле по светиот крст. Од друга страна, во Оукленд, Русите пливале по светиот крст шест часа пред Србите и Македонците.
Победник бил Белграѓанецот Слободан Мајкиќ (52), кој со сопругата Сунчица и синот дошол на Нов Зеланд пред единаесет години, објави српски „Телеграф“.
Отецот Сава Антиќ му подарил икона за фаќањето на светиот крст.
Фото: Nebojša Joveljić