Во последните 3 дена (16-18 септември) регистрирани се три починати и 173 нови случаи на ковид од 1.216 тестови, од кои 46 реинфекции, соопшти Министерството за здравство.
Во текот на изминатите 3 дена пријавени се 3 починати лица, по едно лице од Скопје (69г), Валандово (75г) и Охрид (79г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица.
Новите случаи се вомСкопје –123, Битола – 16, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Велес – 4, Куманово, Охрид и Штип – по 3, Струмица, Ресен и Кратово – по 2, Тетово и Радовиш – по 1.
Регистрирани сe 186 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Куманово – 11, Кавадарци и Велес – по 9, Прилеп, Кочани и Неготино – по 6, Битола – 5, Берово – 4, Тетово, Кичево, Струга и Кратово – по 3, Гостивар и Струмица – по 2, Охрид, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Крива Паланка и Пробиштип – по 1.
Направени се 1.216 тестови преку:ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-133, ЦЈЗ Битола-42, ЦЈЗ Прилеп-12, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-32,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0,Судска медицина-0,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–28, Жан Митрев (Филип Втори)-31, Авицена-23, Биотек-44, Систина-25, лабораторија Лаор-8,Синлаб-4, Ремедика-9, Плодност-6, Генеа-2,Никоб Лаб-65, ВФВ Медикал-12,Ели МедикаПлус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–7,ЖанМитрев Струмица–0,Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 559.
Досега во земјата се направени вкупно 2.162.814 тестирање на ковид-19. Вкупно дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот наепидемијата се 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починатие 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.