За три години од косовското државјанство се откажале 16.410 лица

од Vladimir Zorba
102 прегледи

  Косовските граѓани и понатаму во голем број се откажуваат од државјанството на Косово, со цел да добијат пасоши на некоја западноевропска земја.

Според косовското Министерството за внатрешни работи, за не цели три години од косовското државјанство се откажале 16.410 лица.

– Во 2015 година од косовското државјанство се откажале 5.540 лица, лани 5.871, додека годинава во периодот јануари-октомври 4.999 лица, потврдуваат извори од Министерството.

Најголем број од нив станале државјани на Германија или 14.110, на Австрија – 1.469 и на Норвешка – 260, додека останатите земале државјанство на други земји.

Статистиката на Министертвото потврдува дека во периодот од 2009 година, па заклучно со октомври годинава, од косовско државјанство се откажале 42.822 лица.