За три хороскопски знаци овој период ќе биде прилично напорен

од Stefanija Kuzmanovska
437 прегледи

Започна владеењето на Стрелец, а како што најавуваат астролозите, на многу припадници на Зодијакот им носи помирен период и големи можности.

Сепак, за три знаци овој период ќе биде прилично напорен. Станува збор за Близнаците, Девицата и Рибите.

Близнаци

Близнаците ќе почувствуваат дека не можат да се одморат, а најмногу потешкотии ќе имаат во односите со околината. Ќе чувствуваат дека се што ќе кажат или прават е погрешно и дека секогаш треба да се извинат за нешто. Ќе им се смачи некој постојано да ги критикува, иако, искрено, ќе дадат многу причини за тоа бидејќи ќе бидат неорганизирани, склони кон одложувања и прекршување на ветувањата.

Треба да се избегнуваат избрзани одлуки.

Девица

Зголемувањето на семејните и домашните обврски ќе одземе многу време и енергија од Девиците, па постојано ќе се чувствуваат исцрпени и нема да бидат заинтересирани за дружење.

Тие често ќе бидат нервозни и напнати, а тоа може да прерасне во расправија со член на семејството. Ќе потрошат повеќе пари од вообичаено. Иако тоа ќе ги фрустрира, нема да можат да одолеат на купувањето бидејќи тоа ќе им донесе краткорочно задоволство.

Риби

Рибите ќе се соочат со деловни тешкотии. Доколку се незадоволни на работа, следната недела тоа ќе го нагласат уште повеќе, па ќе бидат принудени да носат одлуки кои ги одложуваат. Ќе бидат фрустрирани и уморни, па се очекуваат расправии со околината, а особено ќе бидат напнати со авторитетите, да речеме со шефот, професорот или родителите.

Тие ќе одбијат да ги следат правилата, а тоа може да ги доведе во неволја.

Слични содржини