За влез во Словенија повеќе не важат ПЦР тестовите од Македонија

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Од денеска веќе не е можно да се влезе во Словенија со направен негативен ПЦР тест во институции во земји кои не се членки на ЕУ, односно на шенген зоната.

За влез во Словенија веќе не важат ПЦР тестовите од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Како што е наведено, почнувајќи од 25 декември, влез во Словенија без одење во карантин можен е само со негативен ПЦР тест од ЕУ, односно од шенген зоната, не постар од 24 часа.

Со одлуката се предвидува дека влез во Словенија од земјите на црвената листа, без упатување дома во карантин или без приложување негативен ПЦР тест е дозволен само за седум исклучоци.

Слични содржини