Забар од пеколот: Агресивно нападна седумгодишно дете, па го исфрли од ординација (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
256 прегледи

Суров забар се наоѓа под полициска истрага откако е снимен на камера како агресивно се однесува и тепа дете кое е преплашено заради вадење заб.

Инцидентот се случил во Актау во Казахстан, а видеото набрзо се прошири. Забарот Толеген Мукамбетов (26) го зграпчил седумгодишното момче и агресивно го протресе, пред да го фрли на стол на кој го држела сестра.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=28&v=1moYsOlSyxI

Потоа се заканил дека ќе го удри со алат кој го држел во левата рака.

„Двете сестри биле присутни во собата за време на инцидентот, но не му се спротиставиле на агресивниот забар“, се наведува.

Потоа забарот повторно го протресе момчето и го изнесе од ординацијата. Мајката на мочето Кизгалдак Сапарова рекла дека го предупредила докторот дека нејзиниот син се плаши од вадење заби.

Таа се шокирала кога ја видела снимката од ординацијата и веднаш го пријавила забарот во полиција.

На стоматологот му се заканува затворска казна од десет дена или можно е да плати парична казна. Се соочува и со одземање на здравствената лиценца.

Слични содржини