Забележано е намалување на бројот на новозаболени, Филипче не ја исклучува можноста за продолжување на мерките

од Берта Китинска

Полицискиот час во земјава беше воведен од 10 март кога беше донесена одлука да започнува од 22-05 часот.Но, по зголемувањето на бројот на заболени како и на починати од ковид 19 надлежните донесоа одлука полицискиот час да се скрати и да започнува од 20-05 часот до 20 парил.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче информираше дека зминатиот период се забележува намалување на трендот на новозаболени лица од ковид 19, сепак доколку се востанови дека се уште има потреба од тоа, рестриктивните мерки ќе останат на сила и по 20 април.

-Во зависнот од индикаторите ќе утврдиме дали има потреба, и доколку има секако дека ќе ги продолжиме, истакна министер.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.

Слични содржини