Заборавете ги: Овие љубовни совети се тотална глупост

Наоѓањето на сродна душа не е едноставна задача. Напротив, понекогаш тоа е фрустрирачка и депресивна задача поради која на момент губиме верба во љубовта. Во таквите моменти сме очајни за наоѓање на совет кој ќе не изведе на прав пат.

Како што пишува Космополитен, таквите совети се во глобала бескорисни и не би требало да ги слушате, а овие се некои од нив.

Не можете да ја најдете сродната душа на социјалните мрежи

Не е ретко мислењето дека на апликациите за состаноци се пријавуваат само чудаци и личности кои не можат да ја најдат љубовта во живо. Се разбира, тоа не е точно. Многу среќни врски се случиле токму на интернет, а чудаците ги има насекаде и во живо и на интернет.

На почетокот бидете совршени

Се разбира дека сакате да оставите најдобар прв впечаток, но нема потреба да се преправате дека сте нешто што не сте. Од почетокот бидете опуштени и онакви какви што сте бидејќи само така ќе знаете дали личноста со која сте е вистинска за вас или не.

Ќе знаете која е вистинската личност во моментот кога ќе ја погледнете

Не, ќе знаете кој ви е привлечен кога ќе го погледнете. Дали некој е вистинскиот за вас ќе сфатите кога ќе се запознаете, а не преку некаква магична енергија која ќе помине низ вашето тело.

Спротивностите се привлекуваат

Навистина, убаво е кога некој ве надополнува и кога има нешто што вам ви недостига и обратно. Сепак, животните интереси мораат да ви се поклопат бидејќи без тоа вашата врска не води кон ништо.

Слични содржини