Американскиот потпретседател го зголеми притисокот во кампањата против Пекинг обвинувајќи ја Кина за „малигни“ напори да се подрие американскиот претседател пред изборите за Конгресот.

Како што пренесува АП, Пенс во четвртокот рече дека бледнее операцијата која Русија ја обавува во САД, во однос на прикриените и отворените активности кои Кина ги презема за да се меша во изборите за американскиот Конгрес кон средината на претседателскиот мандат.
Тој изнесе мерки кои Пекинг ги презема и со тоа ја подрива администрацијата на Трамп, а меѓ нив се јавни чекори како што е насочувањето на кинеските тарифи кон индустриите во САД кои се клучни за Трамп на изборите, како и акциите зад сцената, како што се присилување на американските претпријатија да зборуваат против администрацијата на Трамп и застрашување на научници.
Пенс, ги осуди кинеските маневри во Јужното кинеско море, угнетувањето на христијаните и другите верници и инфраструктурата на кинескиот претседател Си Џинпинг и негоавата иницијатива за надворешната политика.
АП напоменува дека ваква невообичаено експанзивна и агресивна критика на Пекинг која ја изнесе високиот американски функционер, укажува на тоа дека Вашингтон можеби се подготвува за поконфронтирачки пристап кон Кина по прашањата надвор од трговското, околу кој постои веќе спор.
Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Хуа Чуњин порача дека Пекинг се противи на неоснованите обвиненија на Пенс и ги повика САД да престанат со нарушување на нивните меѓусебни односи.
„Ова не е ништо друго тку говор на основа на докази од втора рака, мешање на правилното и погрешното и правење нешто од ништо. Немаме интерес да се мешаме во внатрешните прашања на САД и во изборите“, рече таа.
Но, Пенс вели дека акциите на Пекинг само ја потврдуваат едноставната порака која гласи „Кина сака друг американски претседател“.
„Пекинг ангажираше прикриени актери, контролирани групи и пропаганди за да ја свртат перцепцијата на Американците за политиката на Кина. Како што и пред една недела рече еден висок разузнавачки функционер, ова што го прават Русите паѓа во сенка во однос на она што Кина го прави ширум оваа држава и американскиот народ не го заслужува тоа“, рече Пенс.