Локалните власти ќе ја забранат продажбата на алкохол во сите градови што ќе бидат домаќини на фудбалските натпревари на Светското првенство во Русија од 14 јуни до 15 јули.
Според рускиот весник „Известија“, продажбата ќе биде ограничена само за време на натпреварите и еден ден порано на местата. Ова се однесува само на алкохолни пијалоци во стаклени шишиња и сите ресторани околу стадионите и фан областите. Таквите ограничувања се направени и за дуелите од Руската Премиер Лига.
„Пиво ќе се продава на стадионите, но само во пластични чаши за да се минимизира ризикот од повреди“, изјави Ораз Дурдиев од компанијата „САН Ин-Бев“, која е меѓу спонзорите на шампионатот на планетата.