Забраната за „бурки“ стапува на сила во Австрија

од Vladimir Zorba
77 прегледи

   Законот за забрана за покривање на лицето во Австрија стапува на сила денеска и од сега секој кој во јавност ќе носи облека што му го покрива лицето ќе биде казнет.

За забраната луѓето се информираат со флаери на кои има текст на германски, англиски, турски и арапски јазик.

За стапувањето во сила на законот информирани се и амбасадите, меѓународните организации и исламската верска заедница.

Според законот, ако личноста на барање на полицијата го открие лицето, нема да биде казнета. Во спротивно, ќе биде уапсена заради утврдување идентитет.