Поригорозни мерки за продажба и конзумација на алкохол се воведени во главниот град на Италија, Рим, од овој викенд, со пораки испишани низ целит град на четири јазици.

„Не сакаме римските летни вечери да бидат уништени од епизоди поврзани со пиење алкохол“, вели градоначалничката Вирџинија Реџи во изјавата.
Слични забрани имаше и претходните години, но оваа година се поригорозни. Дури во 14 од 15 –те римски општини е воведена забраната, која вели дека не смее да се пие алкохол на улиците и плоштадите од 22 до 7 часот наутро.
Само северо-западната општина Отавие е исклучок од правилото, додека најпопуларните места за ноќен живот како историскиот центар, Монти, Трестевере, Тестачио, Прати и Сан Лоренцо се дел од забраната.
Секој што ќе биде фатен како пие алкохол ќе плати казна од 150 евра, додека за продавачите на алкохол, кои ќе продаваат во тој временски период, казната е 280 евра.
Алкохол не смее да се купи од супермаркети по 22 часот, а не смеат да се служат пијалоци со алкохол дури ни во затворени барови по 2 часот.
За време на викендот биле направени 500 проверки, а 37 казни биле пишани.