Забрането гушкање и ракување, музиката ќе свири, а гостите ќе може да играат на дистанца, предвидува протоколот за организирање свадби

од Берта Китинска

На денешната прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа беше соопштено какви протоколи ќе треба да се спроведат кога ќе се организира свадба.

-Ова се дел од стандардните протоколи на влезот ќе треба да има поставено средство за дезинфекција, летните тераси  треба да бидат отворени од три страни, гостите не ќе смеат да се  гушкаат или ракуваат. Менаџерите на објектите ќе треба да го имаат списокот на гости по кој ќе го вршат приемот. Музика ќе биде дозволена на свадбите. Таа ќе треба да биде оддалечена на 5 метри од масите воедно забрането е движење на музичарите и  ќе биде дозволено и играње на подиум со дистанца, објасни Хоџа.

Слични содржини