Ѝ забранија на Меган Маркел да си ја затвора сама вратата од автомобилот

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Обезбедувањето на Меган Маркел ја предупредило војвотката од Сасекс да престане да ја затвора сама вратата на автомобилот, од кој слегува, за време на официјални настани, пишува “Дејли мејл”. Причината – автомобилите со кои патуваат членовите на кралското семејство автоматски се заклучуваат и во случај на евентуален напад, ако вратата е затворена тогаш ова може да ја забави нивната евакуација.

Меган Маркел беше забележан дека ја затвораше вратата на нејзиниот автомобил самата. Ова предизвика бран на одобрение кај британското општество и сочувство кон младата војвотка.

Но, кога го посети Окленд, Нов Зеланд, војвотката од Сасекс ја остави вратата на автомобилот, очигледно по разговорите со нејзиниот шеф за безбедност.