Забрчанец избран за Национален координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи

од Nikola Popovski
252 прегледи

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Марјан Забрчанец, да го именува за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, заради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата.

Забрчанец претходно беше национален координатор за стратегиски комуникации во Владата.

Слични содржини