Ние сме главно вода. Во човечкото тело има околу 75% течност. Кај жените таа е помалку отколку кај мажите, истото важи и за луѓето со прекумерна тежина во однос на оние со нормална.
Најмногу вода има во мозочните клетки (99%) и крвната плазма (93%)

Водата е поважна од храната, затоа човек може да издржи максимум 8 дена без вода, по што организмот се самотруе и настапува смрт.
Во овие четири моменти од денот е задолжително да испиете барем една чаша вода:
1. Веднаш по будењето. Така ќе му помогнете на телото да се чисти од отровите акумулирани во текот на ноќта. Водата ги “буди” и внатрешните органи за работа во новиот ден.
2. Половина час пред јадење. Дигестивниот систем ќе работи подобро. Водата носи чувство на ситост, што ќе ве натера да јадете помалку. На овој начин ќе се погрижите и за добрата форма.
3. Пред да се истуширате. Ќе го регулира крвниот притисок. Ако сакате да имате здрава и млада кожа, треба редовно да се грижите за неа, а најдобро што може да направите е постојано да ја хидрирате кожата одвнатре.
4. Пред спиење. Ќе спречите мозочен удар или инфаркт, кои напаѓаат човек во раните часови на ноќта. Водата помага и за добрата работа на бубрезите во текот на ноќта.