Задолжително во пензија со 64 години

од Берта Китинска
701 прегледи

Сите работници освен здравствените и оние од високото образование, постари од 64 години и 15 години стаж ќе мора да се пензионираат до крајот на следната година.

Предлог законот за пензионирање влезе во собраниска процедура,.Со законот се чекува да се намали бројот на вработени во админситрацијата и да се отвори простор за вработување на нови млади кадри.

Од СДСМ велат дека на овој начин се создаваат се отвораат простори за вработувања на млади кадри кои можат да дадат значаен придонес во унапредување на работниот процес.

Во собраниска процедура заедно со Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за работни односи го доставуваме и Предлог законот за измена на Законот за администрација, со што целосно ќе бидат опфатени сите вработени во државниот и во приватниот сектор.

Со цел да се обезбеди одреден преоден период, сите оние што до 31 август 2020 година поднеле барање за продолжување на договорот за вработување, предвидуваме нивниот договор да важи до истекот на времето за кое е предложен, односно до исполнување на рокот даден со претходното барање.

Слични содржини