„Заедничката амбиција за интензивна соработка дава видливи резултати“ – Петровска на средба со Маеда и Руфоло

од Vladimir Zorba
158 прегледи

„Одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави секоја година достигнува нови врвови, нови успеси, а заслужни за тоа се сите вработени во Канцеларијата за одбранбена соработка и соработниците од Министерството за одбрана“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со досегашниот шеф на Канцеларијата, Ден Маеда и новопоставениот шеф, Шон Руфоло.

Министерката Петровска се заблагодари за посветеноста на досегашниот челник на Канцеларијата, Маеда и му посака добредојде на неговиот наследник, Руфоло, при што порача дека Министерството како и досега, така и во иднина ќе продолжи со силно темпо да ја развива одбранбената соработка, од која бенефит имаат и двете сојузнички земји.

„Северна Македонија и САД летово го отворија и стратешкиот дијалог со што дадовме уште поголем импулс на нашите билатерални одбранбени односи. Потенцијалот никогаш не бил поголем, исто како што е и нашата цврста заложба дека заедно можеме да постигнеме многу и за Северна Македонија и САД, и за НАТО – Алијансата“, подвлече министерката.

На средбата во Министерството присуствуваа и заменикот – амбасадор на САД, Ерик Мејер и американското воено аташе, Питер Рауел.

Слични содржини