Заедничката наплата на патарините меѓу Србија и С. Македонија ќе започне на почетокот на јули

од Vladimir Zorba
562 прегледи

Заедничката наплата на патарините меѓу Србија и Северна Македонија официјално ќе биде воведена на почетокот на јули, соопштија денеска за Танјуг од „Путеви Србија“.

Помошникот на извршниот директор на секторот за наплата на патарина на ЈП Путеви Србије, Дарко Савиќ вели дека започнувањето на проектот за заеднички електронски систем за наплата на патарина за граѓаните на Србија и Северна Македонија се очекува секој ден, како и дека со поврзувањето во септември, се очекува и заедничка наплата на патарина со Хрватска.

„Секојдневно го очекуваме официјалното објавување, односно чекаме надлежните државни органи да го стават овој проект во функција за граѓаните, имајќи предвид дека е проект кој е многу важен за Република Србија и Република Северна Македонија. “, изјави Савиќ за Танјуг.

Слични содржини