Заеднички буџет за клиниките за торалка и пластична хирургија, најави директорот на фондот за здравство Сашко Клековски. Тој потврди дека од оваа година ќе има флексибилен буџет за 120 до 150 операции годишно, и според Клековски ова е дел од хемооноколошкиот план кој го работи фондот за здравство заедно со клиниките и министерството за здравство.
,,Од оваа година предвидовме заеднички буџет за клиниките за торакална и пластична и реконструктивна хирургија за примарни и секундарни хирушки зафати со што се решава проблем кој долго време се одовлекуваше, односно нема веќе да има префрлање на одговорностите на двете клиники за тоа која е надлежна во третманот на пациентот’’ изјави Клековки.
За состојбата со лекови на клиниката за Онкологија директорот на фондот за здравство потврди дека во моментов недостига само еден лек но потврди дека се работи на набавка на истиот за што е стапено во контакт со производителот и се очекува наскоро истиот да биде ставен во употреба на клиниката.
,,Во моментов само еден лек недостига и со директорот на клиниката за онкологија Игор Стојковски работиме на набавување за што е и стапено во контакт со производителот и за многу брзо време ќе биде ставен во употреба на клиниката и пациентите ќе можат да го користат’’ изјави Клековски.