„Заедно посилни“ бара да не се занемари детекцијата на случаи на ХИВ

Сите напори моментално се фокусирани кон справување со светската пандемија предизвикана од Ковид 19, но тоа не значи дека треба да се занемари проблемот со ХИВ кој е активен во текот на секоја одина, се вели во соопштението од Здружението за поддршка на луѓето кои живеат со овој проблем, односно „Заедно посилни“ и тоа по повод 1. декември, Светскиот ден на борба против Сидата.

Во рамки на насоките дадени од страна на СЗО, од здружението велат дека земјите мора да организираат непрекината достапност на основните услуги кои помагаат за превенција лекување на ХИВ инфекцијата, како одговор кон Ковид 19, со оглед на тоа дека неопходни се соодветни ресурси и механизми.

Здружението изразува загриженост по фактот дека оваа година е значително намалена бројката на новодијагностицирани случаи на ХИВ, односно сега бројот изнесува речиси половина помалку од онаа бројка од изминатата година. Затоа според Здружението, тоа може да се објасни со кризната состојба, но не смее да се занемари.

„Неопходно е значително да го зголемиме бројот на луѓе со ХИВ кои го откриле својот позитивен статус и почнале со терапија. Очекуваме буџетот за антиретровирусна терапија да се планира врз основа на потребите и да се сообразува со зголемениот број пациенти што имаат потреба од терапија секоја наредна година. Потсетуваме дека вкупниот број пациенти на терапија во последниве три години се зголемил за повеќе од половина во однос на состојбата од крајот на 2017 година. За ова прашање апелираме да се изнајде итно решение за 2021 година“, додаваат од Здружението и изразуваат почит кон сите здравствени работници и соработници вклучени во одговорот кон Ковид-19.

Слични содржини