Заев: 100% повисока дневница за работа во недела за вработените во трговските центри

од Nikola Popovski
451 прегледи

Премиерот Зоран Заев ги поздрави усвоените измени на Законот за работни односи, со кои недела станува ден на неделен одмор од 1-ви јануари 2022 година.

-Новиот закон предвидува: 50% повисока дневница за работниците ангажирани во дејности кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати; 100% повисока дневница за работа во недела за вработените во трговските центри; 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки, посочува премиерот.

Според него, со ова законско решение се овозможува воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот.

-Оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и помотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски. Им честитам на сите работнички и работници. Вие сте столбот на нашата економија и движечка сила на државата, истакна Заев во објава на социјалните мрежи.

Слични содржини