Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче и лидерот на ДУИ, Али Ахнети стигнаа кај модуларната ковид болница во Клиничкиот центар во Тетово, која вечерва целосно изгоре.
Повеќе од 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила за речиси половина час го изгаснаа пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово.
Како што изјави заменик-командирот на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски, пламените јазици биле огромни, а од болницата се ваделе и жртви, но тоа се очекува да биде и официјално потврдено.