Заев: Ако нема договор за избори тогаш останува да се потпреме на Уставот

од Берта Китинска

Прретседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот прес за третиот сет економски мерки изјави дека да се помогне на секому е потребно и дека тоа бил главниот принцип по кој се воделе.

– Горд сум дека нашата држава стоечки одговори на оваа криза. Да ја претвориме оваа криза во нова можност. За трите сет на мерки ќе се вложат 550 милиони евра, истакна Заев.

Со платежните картички,вели тој, ќе се стимулира потрошувачката на граѓаните. Ќе има и ваучери за одмор во вредност од 6.000 денари.

На прашањето дали со картичките ќе може да се плати на пазарите, Заев објасни дека дека голем дел од пазарџиите кои се фискализирани и државата е подготвена да помогне.

– Оваа картичка ќе се користи само за дома. Значи можете да купите облека, бела техника се што е домашно производство, изјави на пре-конферецијата преседателот на СДСМ.

Во врска со датумот на изборите Заев вели дека предлогот на опозицијата за избори на крајот на летото е неодговорен.

– Ние секако дека сакаме да имаме договор со опозицијата, а ако нема договор, тогаш остануваат уставот и законите во државата“, рече Заев кој уште еднаш истакна дека термин е 21. јуни, односно 22 дена после вонредната состојба.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини