Заев: Антикорупциска е тапа џонсон

од Vladimir Zorba
169 прегледи

„Тапа џонсон” е актуелниот состав на Антикорупциската комисија. Вака накусо го опиша составот на оваа државна комисија премиерот Зоран Заев во интервјуто во „Ноќно студио” на Телма.

Заев за Државната комисија за антикорупција каква што е сега смета дека таа не треба да постои.

– Оваа Комисија сега е тапа џонсон, нема врска, не треба да постои. Но јас не сум Груевски за да се мешам во независни тела. Јас сум убеден дека Комисиите за избори и именувања ќе ги отворат ваквите прашања – вели Заев.