Заев: Бајден порача дека ќе направи напори да ја посети нашата земја

од Берта Китинска
145 прегледи

Повеќе од десетина минути траеше средбата со претседателот на САД, Џо Бајден, кажа денеска премиерот Зоран Заев.

-Разговараме за стратешкото партнерство помеѓу нашите две земји и знаете колку е важна поддршката што тие ни ја нудат. Имав можност да поканам американски компании да инвестираат во Северна Македонија. Дел од нив веќе имаат инвестиции во нашата земја. Најважно беше да го поканиме Бајден да ја посети Северна Македонија. Тој загуби син на овие простори, и порача дека со задоволство ќе направи напори да ја посети нашата земја, изјави Заев.

Слични содржини