Заев: Балканот е новата надеж на Европа

од Nikola Popovski
345 прегледи

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, вчера во Преспа оцени дека „Балканот е новата надеж на Европа“ и дека покажа дека може да ги реши проблемите преку дијалог.

„Балканот може, Балканот испорачува, Балканот е новата надеж на Европа. Балканот е Европа. Слободно можеме да го кажеме тоа со целосно право, засновано врз искуството со патот кон Преспа и договорот со Грција. Ние сме Европа повеќе од кога било “, рече премиерот на Северна Македонија на официјалното отворање на Првата меѓународна конференција на „Преспа-форум за дијалог“.

На дводневниот собир, кој започна вчера утрото со панел дискусии, учествуваат високи претставници на Европа, САД и регионот, а целта на конференцијата е да се поттикне интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и да се зајакнат односите со САД.

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој во 2018 година постигна договор во Преспа со Заев за решавање на повеќедеценискиот спор меѓу Скопје и Атина околу името Македонија, што ги оптоваруваше односите меѓу двете соседни земји, исто така учествуват на Форумот.

Заев посочи дека Договорот од Преспа му понуди на светот нов Балкан, европски, што „ја покажува намерата и способноста да биде слободен, поврзан, подеднакво вреден и подеднакво важен дел од напредниот свет“.

„Во време на големи глобални и идеолошки пресвртни точки, радикализација и неизвесност, станавме решенија за мир. Донесовме надеж. Нема ништо поголемо што еден лидер би сакал да го остави зад себе, за својата земја“, рече премиерот.

Слични содржини