Заев: Бевме заробена држава, а денес сме први во доменот на транспарентноста

од Nikola Popovski
247 прегледи

Владата на Груевски донесе заробена држава, последна по транспарентност во 2016 година во регионот. Во денешно време, со политичка волја, со одлучност, посветена работа и одговорност еве не веќе неколку години на првото место, посочени како единствениот позитивен пример во регионот, објави премиерот Зоран Заев.

Според него, претходните сѐ криеа, а сега сѐ е јавно.

-А, кога сѐ е јавно, корупцијата не се исплати. Северна Македонија освои рекордни 83,43% во доменот на транспарентноста, според поставените критериуми. Она што е за одбележување е дека водечка позиција во регионот имаат и министерствата на Владата со освоени 62% од поставените критериуми, информира Заев и додава дека негувањето на принципот на транспарентност е прашање на одговорност на Владата.

Слични содржини