На министерски Совет заедно со амбасадорите на Полска, Унгарија, Словачка и на Чешка изразивме надеж дека ќе биде постигнато прифатливо решение за деблокирање на евроинтеграцискиот процес за Северна Македонија, објави премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.
-Благодарност до земјите од Вишеградската група за нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Со амбасадорите на Полска – Војциех Тицињски, Унгарија – Ласло Иштван Дукс, Словачка – Хенрик Маркуш и на Чешка – Мирослав Томан, разговаравме за денешниот Министерски Совет за општи работи на ЕУ и изразивме надеж дека ќе биде постигнато прифатливо решение за деблокирање на евроинтеграцискиот процес за Северна Македонија засновано на предлогот на португалското претседателство со ЕУ , напиша Заев.